Роби Вилијамс и неговата сопруга Аида Филд станаа родители по трет пат.
Парот утрово објави на Инстаграм фотографија која изненади многумина, ако се земе во предвид дека Аида не била бремена.
Тие станале родители благодарение на сурогат мајка, а сопругата на Роби објави куса порака.
„Чувавме многу посебна тајна. Добредојде Колет (Коко) Жозефин Вилијамс“, напиша таа.
Текстот Роби Вилијамс стана татко е превземен од Reporter.mk.