Робин Тики се сврши со 17 години помлада девојка

Поп-пејачот Робин Тики (41) се сврши со моделот Ејприл Лав Гери, која е 17 години помлада од него. Тој ја побарал Ејприл за жена на божикната вечера, па на социјалните мрежи се пофали дека таа прифатила да се омажи за него.  Двојката е заедно од 2015 година. Во февруари ја добија ќерката Миа, а сега го чекаат и второто дете.

Тики претходно беше 10 години во брак со Паула Патон, со која го има синот Џулијан.

Пејачот е најпознат по песната Blurred Lines која ја пее заедно со Фарел Вилијамс.

 

Текстот Робин Тики се сврши со 17 години помлада девојка е превземен од Reporter.mk.