Род Стјуарт три години тајно се лекувал од рак на простата

Британската рок-ѕвезда Род Стјуарт (74) призна дека го победил ракот на простата со кој се борел три години, пренесува „Дејли мејл“. Ракот му бил дијагностициран во 2016 година, но болеста била откриена во рана фаза при рутински преглед. Тој реши да признае дека се борел со ракот минатиот викенд на добротворна манифестација.

„Никој не знае, но решив дека ова е времето кога треба да им кажам на сите. Сега сум чист затоа што ракот ми беше дијагностициран навреме, но сепак морам да правам уште многу тестови“, рече Стјуарт на настанот на кој се собираа средства за заболени од проста.

Род им порача на обожавателите да се грижат за своето здравје и да ја задржат насмевката на лицето без разлика на сè.

„Луѓе, навистина треба да одите на лекар на редовни и рутински прегледи“, рече Стјуарт, кој има осум деца и додаде дека тој период го поминал благодарение на тоа што останал позитивен и насмеан.

Текстот Род Стјуарт три години тајно се лекувал од рак на простата е превземен од Reporter.mk.