За вториот роденден на принцот Луи, Кејт и Вилијам, споделија неколку портрети од синот.
Фотографиите ги направи Кејт, неколку дена пред роденденот, додека малиот Луи си игра со бои.
„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделија пет нови фотографии пред вториот роденден на Луи“, стои во објавата од Кензингтонската палата.
Наводно, малиот принц цртал со боите на виножитото како поддршка на британските медицински лица и другите работници кои се во првите редови во битката со корона вирусот.
Кралското семејство моментално се изолира во домот Anmer Hall во Норфолк.
Интересно е што Кејт си направи еден вид традиција – секоја година, таа ги прави официјалните портрети што ги обележуваат родендените на нејзините деца.
Текстот Роденденските фотки на принцот Луи со порака за медицинските лицa е превземен од Reporter.mk.