Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер до крајот на 2020 година ќе влезе во клубот на спортисти милијардери, објави „Бизнис инсајдер“.
Швајцарецот покрај 129 милиони долари кои ги заработи од успесите во тенисот во сингл мечевите и во двојки, заработил огромна сума на пари од неговиот договор со јапонскиот производител на облека Uniqlo и партнерските договори кои ги има направено со познатите брендови „Кредит Свис“, „Мерцедес-Бенц“ и „Ролекс“.
Федерер до крајот на годината ќе се најде на листата милијардери на која се и Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.
Дваесеткратниот гренд-слем шампион во моментов е трет најдобар машки играч во светскиот тенис, рангиран малку подолу од неговиот највисок рекорд од вкупно 310 недели како број 1.
Неговите годишни приходи вклучително и паричните награди и спонзорства, достигнуваат до 93,4 милиони американски долари. „Тенис.ком“ додава дека со договорот со „Најк“, инвестиција во фирма за спортски патики Он (On) – и парите добиени од егзибициони тури, заработката на Федерер во и надвор од тениските терени е околу 900 милиони долари, плус 200 милиони долари од спонзори.
Доколку Федерер стане милијардер, тој ќе биде првиот тенисер да ја надмине бариерата, додава „Тенис.ком“.
Швајцарецот моментално во Мелбурн се подготвува за првиот гренд-слем настан во годината, „Австралија опен 2020 година“, турнир кој на победникот во синглови поединечно му доделува 2,83 милиони долари.
Текстот Роџер Федерер ќе стане прв тениски милијардер е превземен од Reporter.mk.