Српската пејачка Јелена Томашевиќ неодамна беше во Крушево, каде го посети гробот на Тоше Проески. Таа се сретна и со неговите родители, а за емотивната средба со нив, ни раскажа во разговорот кој го правевеме пред нејзиниот настап на „Винтерленд“.
Јелена често доаѓа во Македонија. Вели дека тука се чувствува како дома. Така беше и сега на „Винтерленд“, кога одржа концерт на плоштадот во Скопје. „Малку ми се два дена во Скопје, особено за празниците“, ни рече Јелена, која тука доаѓа и со нејзиниот сопруг, познатиот актер Иван Босиљчиќ, и со ќерката Нина.
Во разговорот популарната пејачка ни откри дека иако и таа и Иван се јавни личности, се трудат да имаат приватен живот само за нив. Но, сепак, ни ја раскажа романтичната приказна за тоа како познатиот глумец ја побарал за жена во Лондон. „Со денови шетал со прстенот и го чекал вистинскиот момент“, ни откри таа.
За средбата со родителите на Тоше во Крушево и какви емоции понела од таму, како се слават празниците во нивниот дом, за бракот со актерот Иван Босиљчиќ, зошто си замина од „Пинкови ѕвездички“… гледајте го интервјуто.
Андријана Јовановска
Текстот „Родителите на Тоше не ми дозволија да заминам“ – Ексклузивно интервју со Јелена Томашевиќ е превземен од Reporter.mk.