Роднините на Борис Бекер му ја малтретирале сопругата

Полицијата вчера го посетила домот на поранешниот тенисер Борис Бекер поради проблеми со неговата жена и роднините.

Лили Бекер повикала полиција откако пристигнала во домот на поранешниот сопруг. Таа била малтретирана и завршила заклучена во кујната, пишува „Дејли мејл“.

Лили ја заклучиле роднините и пријателите на Бекер. Тие престојуваат во пет милиони фунти вредната вила на поранешниот тенисер. Според извор близок до Лили, таа стигнала дома околу 10 часот за да ги земе своите работи. Роднините ја заклучиле во кујната, а потоа ѝ го блокирале комбето што се наоѓало пред портата. Лили била принудена да повика полиција.

Службите пристигнале и зборувале со учесниците во инцидентот. Немало никакви апсења. Полицијата поделила по некој совет, а набрзо потоа ѝ овозможиле на Лили да ги земе своите работи.

Бекер и Лили се разведуваат по девет години брак. Заедно го имаат осумгодишниот син Амадеус, кој по разводот, се пресели кај мајка си.

 

 

Текстот Роднините на Борис Бекер му ја малтретирале сопругата е превземен од Reporter.mk.