Изводот од матичната книга на родени на синот на Хари, Арчи, го откри вистинското име и титула на Меган, пренесуваат британските медиуми. Во документот е наведено името Рејчел, принцезата на Обединетото Кралство.
Иако многумина веруваа дека нејзината вистинска титула е само војвотката од Сасекс, која кралицата ѝ ја даде кога се омажи за Хари, сепак Меган била третирана и како принцеза, пренесуваат медиумите.
Во документот е наведено местото на раѓање на Арчи, нешто кое неговите родители и кралското семејтво, долго време го криеја од јавноста.
Станува збор за приватната болница Портланд во Вестминстер во Англија, каде за една ноќ престој, потребно е да се дадат повеќе од 23.000 евра. Хари и Меган службено се осамостоија од 1 април. Тие самите ќе се финансираат, а Меган одлучи да ѝ се врати на глумата.
Текстот Родниот лист на Арчи го откри вистинското име и титула на Меган е превземен од Reporter.mk.