Роквиќ и Самарџиќ војуваа на јавна сцена за бодувањето во „Ѕвездите на Гранд“

Српските пејачи Никола Роквиќ и Жељко Самарџиќ се препукуваа на социјалните мрежи по несогласувањата околу дадените поени на учесниците во финалната вечер во „Ѕвездите на Гранд“.

Роквиќ даде максимални 12 поени на Џеља Рамовиќ, победничката на шоуто, а по финалето ги прозва колегите кои малку бодови и дале на натпреварувачката Милица Чикариќ, која важеше за главна конкуренција на Џеља.

„Вчера учествував во гласањето за новата „Ѕвезда на Гранд“. Кога требаше да дадам 12 поени, се размислував меѓу Милица Чикариќ и Џеља Рамовиќ. Мала предност и дадов на Џеља. Девојката заслужено победи. Фантастичен вокал, ги има сите предиспозиции да биде ѕвезда. Сенка на се фрлија некои колеги. Амо мериш со исти аршини и даваш 12 поени на Џеља, не можеш да и дадеш на Милица 1 или ниту еден поен. Како не ви е срам? Јадно. На сите натпреварувачи им посакувам многу среќа и успех и немојте да бидете како некои поединци“, напишал во својата објава на „Инстаграм“ Роквиќ.
Набрзо по неговата објава се огласи и пејачот Жељко Самарџиќ, кој се пронајде во објавата на Роквиќ.
„Драги Никола. Затоа што се пронајдов во твојот текст, морам да ти одговорам. Не ми е срам нималку. Гласав по свој вкус. А јадно е тоа што многумина мораа да минат без ниту еден поен, затоа што никој не заслужи нула. Во финалето тие отидоа затоа што се извонредни пејачи. Но, Џеља е посебна што се виде и по гласовите на публиката кои на крајот и ја донесоа победата. Жирито вооптшо не беше потребно. Но, не е убаво да не се почитува некој само затоа што има свое мислење“, напишал Самарџиќ.
„Џеља е прекрасна и навистина заслужи да победи. Тоа не го спорам. И јас и дадов 12 поени. Не сакам да коментирам туѓи вкусови. Не знам зошто ти се почутвствува повикан. Збодувам за видлива победа и намерно влијание на бодување на двајцата фаворити. Се согласувам дека жирито не беше потребно, народот самиот го избра победникот. А тоа и по мое мислење е Џеља“, му одговори Роквиќ на својот колега.

 

Текстот Роквиќ и Самарџиќ војуваа на јавна сцена за бодувањето во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.