Зелениот „ролс ројс“, кој некогаш беше во сопственост на актерката Елизабет Тејлор, беше продаден на аукција во Њујорк во средата за 520.000 долари. Автомобилот, наречен „Зелена божица“, е продаден на анонимен понудувач, објави аукциската куќа „Гернзи“.
Елизабет Тејлор со години го поседуваше зелениот „ролс ројс“, кој беше нејзината најдолготрајна љубов бидејќи го користеше од 1959 година до 1970-тите години на минатиот век. Автомобилот бил зачуван во совршена состојба до денес.
Во 1960 година актерката го добила како подарок од нејзиниот тогашен сопруг Еди Фишер. Таа ја избрала зелената боја заради бојата на фустанот што го носела на свадбата со Фишер.
Автомобилот бил купен во доцните 1970-ти од калифорнискиот колекционер Карл Кардел. И иако „Зелената божица“ била 20 години во сопственост на Лиз, Кардел изјави за „Њујорк тајмс“ дека таа никогаш не го управувала лично, ниту, пак, имала возачка дозвола.
Текстот „Ролс ројсот“ на Лиз Тејлор продаден за 520.000 долари е превземен од Reporter.mk.