Роман Абрамовиќ и подари на поранешната сопруга вила вредна 63 милиони евра

Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ и препиша три куќи во вредност од 63 милиони евра. Потоа додал уште една за 14 милиони евра, а потоа е одлучено сите три куќи да се спојат во една мегавила.

Абрамовиќ имотот и го препишал на поранешната сопруга, Даша Жукови, недвижнина од 80 милиони евра, откако претходно беше склучен разводот во Њујорк. Имотот се наоѓа во Њујорк, а во текот се случуваат градежни интервенции, па оттука Даша неможе да се пресели во новиот дом.

Абрамовиќ на Даша и го предаде и четвртиот кат од зградата кој вреди 8 милиони евра и стан кој се наоѓа на првиот кат од зграда која се наоѓа на неколку блока оддалеченост.

За реновирањето и уредувањето на идниот дом, Даша ангажираше швајцарска компанија, а има намера да изгради и базен.

Во моментов  Даша живее неколку улици оддалеченост од нејзината идна вила, заедно со синот Арон Александер и ќерката Леа, која ја добила со Абрамовиќ.

 

 

Текстот Роман Абрамовиќ и подари на поранешната сопруга вила вредна 63 милиони евра е превземен од Reporter.mk.