Роналдо го однесе синот во куќата каде живеел во сиромаштија: Се е исплаши од глетката

Кристијано Роналдо живеел во сиромаштија во Мадеира каде што и се родил, ама благодарение на  талентот за фудбал денес е еден од најплатените фудбалери во светот. Тренирал три пати повеќе од останатите и го постигнал сето она што го има денес. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Денес има осигурана егзистенција и за своите правнуци, а на синот Кристијано Јуниор одлучил да му покаже дека на него не му паднло се од небо и дека морало да се бори за егзистенција и слава. Го однел синот во Мадеира, а потоа и во Лисабон каде се преселил кога имал само 12 години.

„Бев возбуден кога го носев да види каде поминав дел од своето детство. Во Мадеира има одено неколку пати, а сега го однесов во Лисабон да види каде живеев таму. Тука се уште живеат луѓето кои живеаа тогаш. Ме потресе тоа што ги видов, бидејќи не очекував дека се останати“ – призна Роналдо, а потоа откри што најмногу го растажило. Бил возбуден што на синот ќе му ја покаже куќата во која живеел во Лисабон.

„Влеговме во собата во која живеевме мојот пријател и јас. Мојот син се уплаши и не можеше да верува. Не е се лесно во животот и некои деца можеби сметаат дека се паѓа од небо. Сакам на мојот син да му покажам дека не е се во талентот и дека само работата и посветеноста може да го донесат она што го сака“ – рече Португалецот.

 

Текстот Роналдо го однесе синот во куќата каде живеел во сиромаштија: Се е исплаши од глетката е превземен од Reporter.mk.