Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, минатата недела летуваше во луксузното одморалише Коста Наварино во Грција. Задоволен од услугата, пред да замине од хотелот, тој остави бакшиш од 20.000 евра за персоналот, пишуваат грчките медиуми. Тие објавија дека Роналдо напишал чек на оваа сума и го задолжил менаџерот на хотелот да ја подели сумата меѓу десетмината вработени што се грижеле за него.
Роналдо во овој хотел минатата недела го потпиша четиригодишниот договор со „Јувентус“ вреден над 100 милиони евра.
Текстот Роналдо остави 20.000 бакшиш во хотел во Грција е превземен од Reporter.mk.