Кристијано Роналдо мораше „гласно“ да ги демантира шпекулациите дека подготвува свадба со Георгина Родригез, откако италијанските таблоиди тврдеа дека тоа е „готова работа“ откако забележаа голем прстен на раката на Шпанката.
Италијанските медиуми исто така ја забележаа двојката во црква, по што веднаш почнаа со наслови дека тие веќе ја бираат црквата во која ќе ја завршат церемонијата.
Роналдо и Георгина се заедно неколку години и веќе имаат едно заедничко дете, но Роналдо за „Газета дело спорт“ јасно порача дека нема ништо од бракот.
„Папарците ме видоа во црква и веднаш си помислија дека се подготвувам за свадба! Знаете што ќе ви кажам – нема да се женам. Не размислувам за тоа во моментов и воопшто не ми е во плановите. Одам во црква бидејќи сум верник. Благодарам на Бога за тоа што ми го дал. Не посакувам ништо и не се молам за ништо. Благодарен сум за тоа што ме чува мене и моето семејство“, изјави лутиот Роналдо.
Текстот Роналдо се налути: Нема да се женам, во црква одам бидејќи верувам! е превземен од Reporter.mk.