Росана: „Мојот брат нема никогаш да ми каже, сестро, среќни празници“

Фолк-пејачката Росана Сариќ – Тодоровска повторно ги сподели емоциите и тагата за својот починат брат. Таа на нејзиниот профил напша дека тешко и паѓа овој период, пред Нова Година, без него, оти.

„ За жал, после толку години за првпат мојот ангел , мојот брат нема да ми се јави и да ми каже: „Сестро, среќни празници“. Тоа толку боли, многу боли. Ангелу мој. Почивај во мир, а јас и ние во душата и срцето сме со тебе. Не сакам ништо во 2019 освен здравје и никој повеќе од моите најсакани да не ми биде одземен“, вели Росана.

Популарната пејачка по подолга пауза од музиката , конечно се врати на сцената. Таа беше дел и од снимањето на Новогодишната програма на една од домашните телевизии. Росана долго време работеше во „Стружанка’, а сега работи во книжарницата на „Култура“.

Текстот Росана: „Мојот брат нема никогаш да ми каже, сестро, среќни празници“ е превземен од Reporter.mk.