Пејачката Јелена Розга го привлече вниманието на себе за време на третиот ден на 24. Филмски фестивал во Сараево. Пејачката дојде на црвениот тепих во жолт фустан од модната куќа „Арилео“.
„Меѓу Сараево и мене постои заемна љубов, која трае со години. Тоа е град во кој се чувствувам како дома. Многу се радувам кога ќе се вратам тука. За време на Фестивалот во градот се чувствува посебна енергија и чест ми е што сум гостин на овој најголем регионален филмски фестивал“, изјави Јелена, која вечерта многумина ја пофалија дека изгледа како принцеза.
Текстот Розга како принцеза на Филмскиот фестивал во Сараево е превземен од Reporter.mk.