Српскиот пејач Жељко Самарџиќ, кој веќе неколку дена е во Скопје, вчера ручаше во кафулето „Амбрела“ во ГТЦ, првото место во градот каде што гостите ги служат лица со попреченост. Оттаму открија дека популарниот пејач бил нивни гостин, па му се заблагодарија за времето што го одвоил да поразговара и да се слика со вработените.
„Сензитивност на дело. Жељко, благодариме за посетата“, напишаа тие.
Самарџиќ вечерва во арената „Борис Трајковски“ ќе го одржи концертот што беше одложен минатата недела. Специјални гости на концертот на Жељко се „Амадеус бенд“. Организатор е „Прагма продукција“.
Стравот го замени среќата, лица со попреченост еден месец служат кафе во „Амбрела“
Текстот Ручек за Жељко од лицата со попреченост е превземен од Reporter.mk.