Руси ги тужат Арнолд Шварценегер и Џеки Чен

Стечајниот управник на „Руската филмска група“, која го сними филмот Vij 3D ја тужи филмската куќа „Чајна филм груп“, како и актерите Арнолд Шварценегер и Џеки Чен, пишува „Ведомости“.

Руската компанија бара повеќе од 3 милиони евра по неуспешниот почеток на прикажувањето на продолжението на „Виј 3Д“ во Кина, кое го носи името „Виј 2: Пат до Кина“, во кој глумеле актерите. „РФГ“ го финансирала филмот, но засега не може да добие приход од него.

Продуцентот Алексеј Петрухин смета дека барањата на „РФГ“ немаат перспектива. Според него издвоените средства не припаѓаат на самата компанија, ниту на приватни инвеститори, туку се добиени од филмскиот фонд.
Минатиот викенд, филмот заработил повеќе од 2 милиони долари.
Во Русија гледачите можат да го погледнат филмот дури во септември. Ова е прв пат Русија да тужи светски познати ѕвезди.

Текстот Руси ги тужат Арнолд Шварценегер и Џеки Чен е превземен од Reporter.mk.