Русите бараат од Леонардо ди Каприо да го спаси Бајкалското Езеро

Руските екологисти бараат холивудскиот глумец Леонардо ДиКаприо да го спаси Бајкалското Езеро. Тие на неговиот профил на „Инстаграм“ оставија бројни пораки со кои го повикуваат и тој да се вклучи во кампањата за спас на најголемото слатководно езеро во светот.

Бајкалското Езеро долги години е под заштита на УНЕСКО. Тоа е најстарото и најдлабоко езеро на светот, но и најголемо слатководно езеро. Неговата површина е колку Белгија и Холандија заедно. Екологистите алармираат дека езерото, познато како „Сибирски бисер“, е во опасност од загадување, развој и риболов.

„Левушка, спаси го нашиот Бајкал! Братски те молиме во име на цела Русија“, стои во една од пораките.

Во изминатите години, ДиКаприо донираше милиони долари за еколошки цели преку неговата фондација, која ја основа во 1998 година. Тој често говори дека климатските промени се најголем проблем на денешнината.

ДиКаприо има изјавено дека неговите покојни баба и дедо биле Руси и за себе вели дека е полу-Русин.

Текстот Русите бараат од Леонардо ди Каприо да го спаси Бајкалското Езеро е превземен од Reporter.mk.