Сајмон Коуел, креаторот на многу успешни реалити формати, како што се X Factor и „Америка бара талент“, ја доби својата ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните
Конечно, неговите долгогодишни напори како телевизиски продуцент се исплатеа. На церемонијата присуствуваше неговата партнерка, Лорен Силверман, со која има четиригодишен син Ерик, и син од претходниот брак на Лорен.
Сајмон, освен по неговиот остар јазик, исто така е познат по тоа што знае да препознае таленти. Меѓу неговите откритија, чија кариера се издигна во височините на шоу бизнисот, се Кели Кларксон и Леона Луис, како и групата „One direction“.
Текстот Сајмон Коуел доби ѕвезда на Булеварот на славните е превземен од Reporter.mk.