Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли одлучила целото свое богатство да го остави на нејзиниот посвоен син Медокс, кој најмногу ја поддржал за време на разводот од Бред Пит, пишуваат американските медиуми. Според нив, глумицата смета дека иако има само 17 години, Медокс е зрел и одговорен, па затоа ќе му ги остави своите 116 милиони долари. Во тестаментот кој го направила не се вклучени нејзините три биолошки деца што ги има од бракот со Бред Пит, ниту другите две посвоени деца.
Анџелина го посвои Медокс веднаш по разводот со глумецот Били Боб Тортон. Тој е роден во Камбоџа, а глумицата го нашла во едно од многуте прифатилишта во кои биле сместени деца без родители. Медокс е нејзиното прво дете.
Текстот Само едно од шесте деца на Анџелина Џоли ќе го наследи нејзиното богатство е превземен од Reporter.mk.