Холивудската ѕвезда Сандра Булок донираше 100.000 долари за да се згрижат животни кои биле евакуирани за време на пожарите во Калифорнија, пренесува „Контакт мјузик“. Таа парите ги донира на организацијата „Хумано општество на округот Вентура“, која ќе придонесе да бидат спасени миленичиња од пожарот и ќе се грижи за нив. Донацијата на Булок ќе овозможи да се обезбеди грижа за голем број животни, вклучувајќи коњи, бикови, магариња, свињи, кокошки, патки, кучиња и мачки, кои беа принудени да избегаат од пожарите.
„Нашите напори за спасување и евакуација на овие животни го привлекоа вниманието на Сандра и нејзиниот тим, кои ни дадоа поддршка. Таа и нејзиното семејство контактираа со други организации. Овој пат таа сакаше да им помогне и на животните, а се надева дека и другите ќе го сторат истото“, рекоа од организацијата.
Пожарите во Калифорнија уништија голем дел од северниот дел на државата, вклучувајќи ги Малибу и Калабасас. Преку 300.000 луѓе беа авакуирани, а на многу луѓе им изгореа домовите.
Текстот Сандра Булок донираше 100.000 долари за животните евакуирани од пожарите е превземен од Reporter.mk.