Сандра Булок го продава домот за 6 милиони долари

Холивудската глумица Сандра Булок за 6 милиони долари ја продава својата куќа со приватна плажа на островот Тајбии тоа заедно со целиот мебел. Куќата е на површина од 3,360 метри квадратни и има голема кујна, домашна теретана, кошаркарско игралиште, базен и приватен влез на плажа.

Главната куќа има четири спални соби и дневна соба со камин, кујна и пространа трпезарија.

Тремот надвор од дневната соба и трпезаријата гледа кон базенот и големиот двор.

Покрај главната куќа се наоѓа и гостинска куќа со три спални соби со дневна соба од отворен тип, трпезарија и кујна со камин.

Сандра оваа куќа ја купила во 2001 година за 1,49 милиони долари.

 

Текстот Сандра Булок го продава домот за 6 милиони долари е превземен од Reporter.mk.