Сандра Булок се расплака додека држеше говор на сцената на 25 доделување на ElleAnnual Women наградите. Таа пред да ја прими наградата од колешката Сара Полсон одржа говор во кој го спомена нејзиниот починат татко.
„Сакав да напишам некој убав говор за сите работи кои ги сакам кај Сара Полсон. Сара Катрин Полсон, онаа која сака да го користи нејзиното средно име, или Повелсон, како што се вика мојот петгодишен син“, духовито почна да зборува Сандра.
„Но, ова беше тешка недела за мене. Мојот татко почина. Исто така починаа и двете мои кучиња. Уклучете го телевизорот или компјутерот и ќе видите бесконечни трагедии. Се чини дека сега ги има повеќе од кога било претходно. Ако имаш вагина, мораш да бидеш и борец. Така што не се чувствувам многу убаво. Одлучив вечерва да зборувам за работите кои не ги сакам кај Сара“, продолжи Сандра.
Актерката новиот филм Ocean’s 8 го промовираше пред смртта на нејзиниот татко Џон Булок, кој почина на 18 септември на 93 годишна возраст.
Сандра во споменатото остварување играше токму со Полсон, која ја нарече „брилијатна актерка“.
Булок во својот говор ги спомена и работите кои жената може да ги направи за себе и да одржува добри односи со пријателите. Сандра има две деца и со нив и своето момче го минува секој слободен ден, далеку од очите на јавноста.
Текстот Сандра Булок со солзи во очите одржа говор за починатиот татко е превземен од Reporter.mk.