Сани го прослави 1. роденден на ќерката Ева

Фолк-пејачката Сани Гроздановска направи роденденска забава и крштевка за помалата ќерка Ева која пред неколку дена наполни една година. Ева е ќерка на Сани од бракот со Мартин, со кого таа се омажи лани во септември по неколкугодишна врска.

„Цела е на татко ѝ“, ѝ напишаа пријателите на Сани на сликите што таа ги сподели на социјалните мрежи.

Освен Ева, Сани ја има и ќерката Викторија од првиот брак. Откако се породи, пејачката во неколку интервјуа рече дека Викторија ја обожава својата помала сестра.

 

Текстот Сани го прослави 1. роденден на ќерката Ева е превземен од Reporter.mk.