Пејачакта Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски на социјалните мрежи објавија нивна заедничка фотографија со нивната ќерка Илина, но и уште едно дете.
„Второ ни стои?“, кратко коментирала Сара, навестувајќи им на фановите дека размислуваат за уште едно бебе.
Двојката често знае да ги изненади фановите со семејни фотографии од зимскиот период. Пејачката и водителот неодамна ја одведоа ќерката Илина на прво зимување на Копаоник, во Србија.
Со нив беа и родителите на Димитар. Водителот за „Репортер“ кажа дека родителите ја чувале 4-месечната Илина додека тие биле на бордање.
Текстот Сара и Димитар размислуваат за второ бебе е превземен од Reporter.mk.