Откако светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на „Инстаграм“ ги поздрави макефонските фанови со песната „Македонско девојче“, се јави и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ и објави селфи фотографија од нив двајцата.
Богдановиќ се пофали на социјалните мрежи дека го запознал српскиот тенисер. И тој јавно го покани да дојде во Охрид и му посака успех на престојниот турнир на Вимбелдон.
„Нема поголема гордост кога еден врвен спортист кој го видел светот ќе изрази желба да го посети нашиот Охрид”, напиша Саша Богдановиќ.
(Видео) Ѓоковиќ ја пее „Македонско девојче“ пред македонските фанови
Текстот Саша Богдановиќ правел селфи со Ноле, жив среќен се фали на „Фејсбук“ е превземен од Reporter.mk.