Српскиот пејач Саша Ковачевиќ сака да купи јахта. Тој неодамна настапувал во Будва, па додека бил во Црна Гора разговарал со неколку сопственици на јахти, но и со градските власти за да се распраша за место каде што би ја усидрил јахтата, но и како би ја чувал во текот на зимата, пипува српски „Курир“.
Пријатели на Ковачевиќ за весникот рекле дека тој одамна сака да купи јахта, не многу голема, со една спална соба каде што ќе може да се одмора. Додале и дека најверојатно пронашол јахта по мерак, една од усидрените во Будва, но дека не знаат дали успеал да ги договори деталите со сопственикот.
Текстот Саша Ковачевиќ мерка јахта е превземен од Reporter.mk.