Српскиот пејач Саша Ковачевиќ во едно од своите последни интервјуа за магазинот Story, кој го правел заедно со Наташа Беквалац, открил детали од нивна интимна дружба.
Тој изјавил дека Беквалац е добредојдена во неговиот ресторан кој пејачот неодамна го отворил во Белград. Тој изјавил дека Беквалац со ќерките секогаш ќе може бесплатно да јаде од специјалитетите на негова сметка.
„Наташа неодамна ми побара 100 евра на заем, а поради тоа што ниту кај мене ситуацијата не е најсјајна, не можев да ѝ излезам во пресрет. Тогаш ѝ понудив да дојде во мојот ресторан за да проба од специјалитетите на сметка на куќата“, изјавил Саша.
Беквалац во истото интервју ја потврдила приказната и се заблагодарила на великодушноста на Ковачевиќ.
„Вистина е. Саша ми рече дека јас и моите деца никогаш нема да бидеме гладни сè додека тој го има ресторанот. Јас сум презадоволна од понудата, затоа што ниту еден маж досега ми нема понудено нешто вакво романтично“, изјавила Беквалац за магазинот Story.
Медиумите во 2011 година на големо пишувале за блискоста на Наташа и Саша. Тогаш приказните одеа дотаму што новинарите ги гледаа двајцата како повеќе од пријатели. Сепак, ниту еден од нив досега не признал јавно дека се во врска.
Текстот Саша Ковачевиќ ѝ понудил на Беквалац бесплатни специјалитети во неговиот ресторан е превземен од Reporter.mk.