Саша Ковачевиќ: Ужасно ми смета суетата кај колегите

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ јавно кажа што најмногу му смета кај неговите колеги и зошто не се појавува на прославите за време на нивните промоци на песни и албуми.

„Суетата е присутна речиси кај сите колеги и колешки ѝ тоа е нешто што многу ми смета. Мене често ми велат дека сум волк самник. Не сакам претерано да се појавувам по медиумите, настаните, промоциите. Се повлеков затоа што тоа ми годи. Не чувствувам дека припаѓам на ваквата естрада и не ми е убаво со неа“, изјавил Саша.

Пејачот вели дека не планира да прави голема свадба со неговата девојка Зорана. Вели дека ќе соберат само најблиските.

„Би сакал да биде нешто интимно. Веројатно ќе бидат десетина мои најблиски луѓе и пријатели. Би сакал малку луѓе за убаво да си поминеме“, вели Саша.

Ковачевиќ неколку месеци ја криеше својата врска од јавноста, а многумина веруваа дека тоа е така, затоа што Зорана претходно била во брак и има дете.

„Се криевме затоа што не сакавме да се пишува за тоа, а не затоа што јас имам проблем со тоа што таа од претходниот брак има дете. Од друга страна, јас нејзината ќерка ја образувам ѝ ја гледам како своја“, вели Ковачевиќ.

„Ако некој ме праша дали сакам да ми се повтори 2018 година, мојот одговор ќе биде потврден. Како и за сите, љубовта и среќата ми се на прво место. Од минатата година сум задоволен кога станува збор на деловен план. Ќе се потрудам во 2019 година да ја израдувам публиката со уште повеќе песни и некои нови проекти. Во моментов имам во план да одам на одмор за да ги наполнам батериите за нови победи“, вели Ковачевиќ.

 

Текстот Саша Ковачевиќ: Ужасно ми смета суетата кај колегите е превземен од Reporter.mk.