Српската пејачка Марија Шерифовиќ откри дека продукцијата на „Гранд“, а не таа, го исфрлиле Адам Лабунски од музичкото шоу. На вчерашното снимање на новата емисија, таа на новинарите им рекла дека за дисквалификацијата на Лабунски е одговорен сопственикот на „Гранд“, Саша Поповиќ.
„Прашањето за заминувањето на Адам треба да му го поставите на Саша, оти тој речи да го дисквалификува, не јас. Јас само ја објавив информацијата. Фер е тој да ви ги даде одговорите што ги барате“, рекла Марија.
Пејачката, која за Адам велеше дека е најпроблематичниот натпреварувач во шоуто, додала дека е навредена што Лабунски објавил лични пораки на „Инстаграм“ за да се опавда и да се извлече од целата ситуација. За потсетување, македонскиот пејач беше избркан од шоуто пред неколку дена. Веста ја објави Марија, а потоа Адам објави вибер-преписка со пејачката и уште еден каднидат од шоуто, Даниел Васиќ, па пораките ги наведе како причина што го избркале.
Хотелската соба е крива што Марија го избрка Лабунски од „Гранд“
Текстот Саша Поповиќ, а не Марија, го исфрлил Лабунски од „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.