Саша Поповиќ во големи проблеми поради Карлеуша и Лукас

Директорот на Гранд Саша Поповиќ кој со децении го води едно од најуспешните музички натпреварувања Ѕвездите на Гранд, во моментов е во големи проблеми поради пеколот кој му го приредуваат Јелена Карлеуша и Аца Лукас.

Иако со години Лукас и Карлеуша беа членови во жирито во шоуто, заедно со Вики Милјковиќ, Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Драган Стојковиќ Босанец, расправијата пред крајот на минатата сезона, која не можат да ја надминат, направи голем раздор.

Поповиќ проба да ги испегла односите со двајцата, но не успеа. Јелена зборувала дека нема никаков контакт со колегата и дека тој како нејзин некогашен пријател не можел да ја заборави.

„Поради тоа што Јелена и Аца се расправаат и не сакале да комуницираат, Саша Поповиќ има голем проблем. Сега целиот проект во кој има многу вложено, трпи. Сите останати трпат поради нив“, вели извор близок до Поповиќ.

Аца веќе изјави дека не сака да биде дел од екипата на Ѕвездите на Гранд, а на Поповиќ тоа не му се допадна.

Карлеуша ќе остане, но Саша ги сака сите заедно. Поради тоа со недели се шпекулира дека би можел го замени Аца и дали Карлеуша ќе даде отказ доколку тој остане.

„Јелена јасно дала до знаење дека Поповиќ нема да молчи на забелешките на Лукас, а Аца пак бараше од Саша да ја затиши Јелена. Саша се обидува да го убеди Лукас да остане во жирито, но тој пак од него бараше да ја смири Јелена. Поповиќ пак разговарал со Јелена за да ги смири бубиците. Но, сеуште не се знае како ќе заврши целата работа, затоа што и двајцата се однесуваат како да се во градинка“, изјавил изворот.

Соработниците го советувале директорот на Гранд пред да почне сезоната, членовите на жирито да потпишат договори во кои ќе има точки кои ќе прецизираат дека секој кој ќе стане од столчето наменето за жирито, да сносни последици и да бидат парично казнети.

Познато е дека тој е голем професионалист и дека ништо не препушта на случајот. Поради тоа интезивно размислува на тоа како понатаму да прави и дали во новата сезона да донесе нов член или пак, уште еднаш да разговара со Лукас. Јасно му е дека проблемот меѓу нив ќе биде тешко решлив, но знаејќи го Поповиќ, тој сигурно добро ќе размисли пред да го повлече следниот потег. Соработниците го убедуваат дека пред да почне новата сезона, да направи договор со кој членовите на жирито, нема да можат така лесно да станат од столчињата и да си заминат“, додава изворот.

За потсетување, Јелена Карлеуша и Аца Лукас се скараа поради еден кандидат, по што Карлеуша ја вмеша и Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која Аца е во одлични односи.

 

 

 

Текстот Саша Поповиќ во големи проблеми поради Карлеуша и Лукас е превземен од Reporter.mk.