Популарниот музичар, водител и директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ замина во пензија, пишуваат српските медиуми. Тој во април годинава наполнил 65 години и ги исполнил сите услови за да стане пензионер, се вели во писмото кое Поповиќ го добил од Фондот за пензиско.
Засега Поповиќ се нема огласено иако многупати досега го најавуваше своето повлекување, но подоцна повторно продолжи со работата. Во 2015 година тој планираше да се повлече, затоа што мислеше дека направил доволно.
„Не одам во пензија. Што ќе правам тогаш? Што ќе работам тогаш? Рано е за мене да одам во пензија, изјавил претходно Поповиќ.
Негови блиски пријатели цврсто се удени дека иако Поповиќ ги има исполнето сите услови да стане пензионер, тој нема да се повлече од работата. И понатаму ќе остане на истата позиција.
„Не знам колку точно има стаж, но знам дека одамна плаќаше допринеси во пензискиот фонд. Уште пред да ја основа „Гранд“ продукција со Лепа Брена и Боба Живоиновиќ. Претпоставувам дека има повеќе од 35 години работен стаж. Таа пензија нема да му биде нешто посебна во материјална смисла, затоа што тој веќе е финансиски обезбеден. Доста заработи од продажбата на пакетот акции на „Гранд“ страниците, а уште заработува затоа што и понатаму го има мнозинскиот дел во компанијата“, вели извор близок до Поповиќ.
Од „Гранд“ ја потврдија веста дека Поповиќ ќе стане пензионер, но оттаму велат дека не сакаат да го изгубат и се надеваат дека ќе продолжи со работат.
„Саша Поповиќ го оствари правото на својата заслужена пензија, но веруваме дека тоа ништо нема да промени кога станува збор за неговата работа. Ние и понатаму сакаме тој да остане во „Гранд“, се вели во соопштението.
Текстот Саша Поповиќ заминува во пензија е превземен од Reporter.mk.