По снимката на која се гледа како навивачката група „Шверцери“ дивее во Македонскиот народен театар, на социјалните мрежи имаше реакции од јавноста. Меѓу актерите кои реагираа на ова сквернавење во театарот, беше и Сашко Коцев, кому МНТ му е матична куќа.
„Се извинувам на сите на кои сум им изреагирал за ѕвонење на мобилен на претстава“, иронично напиша Коцев.
За потсетување, навивачката група „Шврецери“ на фудбалскиот тим „Шкупи“ од Чаир во петокот влегла во Македонскиот народен театар да го прослави својот 30. годишен јубилеј и да го проследи документарниот филм снимен по овој повод.
Толпата навивачи дивеела во Театарот и направила значителна материјална штета, која во моментот ја проценуваат екипи на Министерството за внатрешни работи.
Од видеа од прославата објавени на „Јутјуб“ и на социјалните мрежи се гледа дека навивачите бурно скандираат качени на столовите, со удирање по инвентарот во салонот на МНТ.
Текстот Сашко Коцев за инцидентот во МНТ : Се извинувам што сум реагирал за ѕвонење на мобилен на престава е превземен од Reporter.mk.