Полицијата од пораките од мобилниот телефон на Дарко Лазиќ ги откри наркодилерите со кои пејачот се договарал на кој начин и каде да му ги донесат наркотиците.
Службите веднаш реагирале и само прашање на време е кога дилерите ќе бидат уапсени.
„По несреќата полицијата го пронајде телефонот на Дарко, кој бил значително оштетен, но поради сомнение дека пејачот користел психоактивни супстанци за време на несреќата, даден е на вештачење. Полицијата веднаш ги прочитала пораките во кои јасно пишувало кога и каде на пејачот треба да му биде доставен кокаинот“, вели добро известен извор и открива дека овие пораки биле драгоцени за истражните органи, кои веднаш биле алармирани.
„Полицијата веднаш се обидела да ги лоцира дилерите со кои Дарко бил во контакт и некои од нив се веќе идентификувани. Има и такви кои веднаш по несреќата на Дарко ги промениле броевите, но според оперативните податоци, тоа нема да им помогне да се спасат“, уверува изворот и констатира дека во прашање се наркобанди кои исклучиво продаваат дрога на естрадни личности и актери.
„Дилерите кои му продавале дрога на Дарко оперираат исклучиво меѓу пејачите и глумците. Тие имаат квалитетна стока, па нивните клиенти се оние кои можат да си дозволат чисти наркотици, чиј грам чини и по неколку десетина евра“, заклучува изворот.
Како што пишуваат српските медиуми, Дарко Лазиќ наводно почнал да се дрогира пред девет години, а снимката која пред помалку од година дена излезе во јавноста, на која фолкерот консумира бел прав, била направена во 2011 година. Лазиќ никогаш не негирал дека се дрогира, туку само констатирал дека таквите работи се нормални за денешно време.
Текстот Се апсат дилерите на дрога откриени од мобилниот телефон на Дарко Лазиќ е превземен од Reporter.mk.