Се налути Евто Пупиновски: Бре охриѓани, што луѓе ќе бевте, џабе ви ја пеев „Лихнида“

Фолк-пејачот Ефто Пупиноски им се налути на охриѓани, па на  фејсбук-профил напиша статус за нив. Тој се лути оти и покрај  големиот хит „Лихнида кајче веслаше“, досега ниту еднаш не бил поканет да настапи во Охрид.

„Охриѓани мои, ја знаете ли песната ‘Катино моме катинке’? Значи ја знаете – добро.Ја знаете ли песната ‘Прости ми душо моја’? О да, ја знаете – одлично! А ја знаете ли песната ‘Туѓа си бескрајно’? Ја знаете и таа, извонредно. Велите овие песни ги знае и старо и младо. А го знаете ли балканскиот хит ‘Лихнида кајче веслаше” каде што се зоорува за Охридското Езеро? А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте? На тој ваш плоштад, во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно. Помина речиси пола век, а вие не ја разбравте вредноста на таа ‘Лихнида’. Хитот што ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот што само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа ‘охриѓани мои’ е грешка. Никогаш не сте биле мои“, вели Пупиновски.

САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕВие своето го кажавте, да си го кажам јас моето.Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме…

Gepostet von Efto Pupinoski II am Freitag, 4. Januar 2019

Текстот Се налути Евто Пупиновски: Бре охриѓани, што луѓе ќе бевте, џабе ви ја пеев „Лихнида“ е превземен од Reporter.mk.