Откако во јавноста излезе веста дека ќерката на незвисната пратеничка Емилија Александрова, Сара, е вработена во Фондот за иновации, пратеничката изјави дека е разочарана од тоа како медиумите ги третираат семејствата на јавните личности. На ова ѝ одговори Весна Бејби, која ѝ порача дека пратениците не се јавни личности, туку алчни и недоветни, кои како да имаат кожени гаќи, па си ги вработуваат децата.
„Да се разбереме, вие не сте јавни личности туку пратеници кои земате плата од нас, народот. Не дечки, не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии. Постојано ги учам моите деца од актерската школа дека аплаузот се заслужува, тој аплауз подразбира многу работа и време. И сега, јас џабе го повторувам тоа на деца од најмала возраст до 16-годишна? Сакате јавноста да не биде груба со вас? Вие сте нешто посебно претпоставувам… посебни во вашата алчност и недоветност! Срам да ви е! Јас имам безброј пораки во кои мајки на деца со посебни потреби се на работ на егзистенција, јас работам сто работи за да преживеам со моите деца и ги учам дека треба да научат сами да се изборат во животот. Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи! Вие, народните пратеници, имате кожени гаќи, така ми се чини!“, напиша Весна Бејби на својот фејсбук-профил.
Текстот Се налути Весна Бејби: Алчни пратеници, да не имате кожени гаќи?! е превземен од Reporter.mk.