Игор Којиќ се огласи во јавноста по скандалот со голите фотографии на неговата сопруга Северина. Тој објави фотографија од Париз на која е заедно со неговиот татко Кеба. Тој напиша дека господ држи се под контрола, што навестува дека не е премногу загрижен за новиот скандал во кој во центар на внимание е неговата сопруга.
„Не се плашете, Бог се држи под контрола“ пишува на фотографијата на која е Игор и неговиот татко Кеба. Игор носи шал на Црвена Ѕвезда, а двајцата присуствуваа во Париз на мечот меѓу ПСЖ и српскиот тим во рамките на Лига на Шампиони.
Северина засега не се има огласено во врска со новите серии експлицитни фотографии, освен на социјалните мрежи каде напиша дека го откажува концертот кој требаше да се случи во Нирнберг.
Во јавноста се огласи и нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, кој исто како и во скандалот од пред месец дена, го посочи прстот кон нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ и го прогласи за виновен за изнесувањето на експлицитните фотографии на Северина во јавноста.
Текстот Се огласи Игор Којиќ за голите фотографии на Северина е превземен од Reporter.mk.