Се ожени Филип Божиновски, ѕвездата на „Гранд“

Се ожени пејачот Филип Божиновски, кого публиката го запозна по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

По 12-годишна врска со својата девојка Сања, тој вчера правеше свадба во ресторанот „Ла Тана“. Се пофали и на социјалните мрежи, велејќи: „По 12 години љубов, по 12години разбирање, караници, преубави моменти поминати заедно, дојде време да почнеме ново поглавје во нашиот живот“, напиша младоженецот.

На свадбата било многу весело, се играло и се пеело, а за атер на младенците пееле и неговите колеги кои биле на свадбата.

Текстот Се ожени Филип Божиновски, ѕвездата на „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.