Се ожени Герет Бејл, не го покани семејството на невестата

Фудбалерот на „Реал Мадрид“, Герет Бејл, се ожени со својата долгогодишната девојка Ема Рис Џонс на тајна церемонија во Мајорка. Според британскиот весник „Сан“, на венчавката присуствувале 60 блиски пријатели и членови на семејството на Герет, но двојката не го поканила семејството на Ема. Тие за свадбата изнајмиле и посебно обезбедување за да не им дозволи на роднините на невестата да влезат во објектот. Според „Сан“, на ваков чекор се решиле бидејќи Ема веќе неколку години преживува семејна драма.

Нејзиниот татко Мартин отслужил шестгодишна казна затвор поради злоупотреба и перење пари. Откако излегол од затвор, нејзиниот татко почнал да живее со руска цвеќарка, што дополнително ја изнервирало Ема. На свадбата не сакала да ги покани ни нејзините баба и дедо, кои ја израснале,  на кои им е лута затоа што поради нив со години ја одложувала венчавката. Дополнително, уште неколку членови од нејзиното семејство се занимаваат со криминал, а некои од нив се дилери на дрога.

Свадбата на Герет и Ема требаше да се одржи лани во Тоскана и тогаш на журката требаше да им пее Бијонсе. Двојката е во врска уште од средно училиште. Тие имаат две деца.

Текстот Се ожени Герет Бејл, не го покани семејството на невестата е превземен од Reporter.mk.