Македонскиот скијач Антонио Ристевски се ожени со својата девојка Софија. За свадбата Софија избра едноставен фустан со гол грб, што ја следи линијата на телото, а Антонио беше облечен во син елгантен костум. Свадбата се одржа во еден скопски ресторан, а гостите раскажаа дека младенците ги изненадиле со кореографијата на првиот свадбен танц.
Антонио и Софија се свршија минатата година. Тие по венчавката објавија неколку слики на своите профили на социјалните мрежи. Двајцата добија честитки за свадбата и желби за долг и убав брак, а Софија доби комплименти за изгледот. „Си избрал вистинска убавица“, стои во еден од коментарите.
Антонио е еден од најуспешните македонски скијачи. Тој двапати настапи на Зимската олимпијада, и тоа 2010 година во Канада и во 2014 година во Русија.
Текстот Се ожени македонскиот скијач Антонио Ристевски е превземен од Reporter.mk.