Мјузиклот Do Not Stop ‘Til You Get Enough (Не запирај додека не добиеш доволно), посветен на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, премиерно ќе биде изведен на сцената во Чикаго на 29 октомври оваа година. Потоа ќе гостува на Бродвеј во текот на 2020 година, пишуваат американските медиуми.
Мјузиклот е инспириран од животот и музиката на Мајкл Џексон, но сè уште е во фаза на подготовка. Либретото го подготвува двојната добитничка на Пулицерова награда, Лин Нотинг, која ги вклучува најпопуларните песни на Џексон. Кореографијата и режијата ќе ги прави Кристофер Вилден. Главните улоги сè уште не се избрани.
Текстот Се подготвува мјузикл за Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.