Се погласни гласините за аферата на принцот Вилијам со Роуз Хенбри

Приказните за неверството на британскиот принц Вилијам не стивнуваат веќе со месеци, а во центарот на внимание е Роуз Хенбри, поранешна пријателка на војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Кејт Мидлтон.

Кејт и Роуз веќе некое време не се дружат и се во прилична жестока расправија, пишува „Холивуд госип“. Како што наведува таблоидот, Вилијам кој е најстариот син на принцот од Велс, Чарлс, наводно имал афера со Роуз, за време на третата бременост на Кејт. За оваа афера се зборува во јавноста веќе неколку години.

Сепак британските медиуми одбиваат да пишуваат за истата, од почит кон членовите на кралското семејство, наведува „Холивуд Госип“. Роуз е мажена за 58 годишен Дејвид, маркиз Колмондели, кој е високо позициониран во општеството и често е забележан на забавите во Кесингтонската палата.

Ваквата афера наводно е една од причинте за расправиите и меѓу принцот Вилијам и неговиот помлад брат Хари.

Текстот Се погласни гласините за аферата на принцот Вилијам со Роуз Хенбри е превземен од Reporter.mk.