Се породи Катарина Ивановска

Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска денеска вторпат стана мајка. Таа роди ќерка, која ќе се вика Кира.

„Првпат го слушнав името Кира пред неколку години и многу ми се допадна. Татко ми е Киро, и иако сите пишуваа дека бебето ќе го носи името по него, сосема случајно испадна Кира да е женска верзија на неговото име. А и татко ми е пресреќен“, ни откри неодамна Катарина во интервју за „Репортер“.

Таа тогаш ни раскажа дека скоро и да не се здебелила во текот на бременоста и дека за разлика од повеќето трудници, наместо да ѝ се јаде, таа губела апетит.

Кира е второ дете на манекенката и на нејзиниот сопруг Цобе. Тие го имаат синот Вања, кој неодамна наполни 2 години.

„Не правев свадба, ама од прв ден знаев дека Цобе ќе биде татко на моите деца“- Катарина Ивановска искрено за љубовта и кариерата

Текстот Се породи Катарина Ивановска е превземен од Reporter.mk.