Сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа, се породи во понеделникот во болницата „Линдо Винг“ во западен Лондон. Таа на свет донесе здраво машко бебе. Медиуимите вчера го проследија нејзиното излегување од болницата, заедно со нејзиниот сопруг Џејмс.
Сестрата на Кејт се појави во син капут, бели чевли и очила за сонце. Со широка насмевка ги отпоздрави собраните луѓе во болницата.
Едно ноќевање го чинеше британскиот пар околу 8500 евра, а нејзината сестра во оваа болница се породи трипати.
Пипа и нејзиниот сопруг беа гости на венчавката на принцезата Јуџин во петокот во замокот Винзор. Нејзиниот штотуку роден син е поврзан со наследниците на британскиот престол.
Текстот Се породи сестрата на Кејт Мидлтон е превземен од Reporter.mk.