Давор Драгојевиќ синот на починатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ денеска за прв пат стана татко. Неговата сопруга Кармен на свет донесе здраво машко дете. Давор и Кармен му го дадоа името на Марко.
Марко е шестиот внук на Оливер. Со мајка му се во одлична состојба. Ова го потврди поранешниот близок соработник на Оливер, Ненад Дробњак. Сопругата на Оливер, Весна Драгојевиќ изјави дека нејзиниот сопруг постојано сакал да се шегува на сметка на ниговата снаа Кармен за време на бременоста.
„Постојано знаеше да ги зеза снаите дека се преголеми. Се до последниот ден. А таа неизмерно му се веселеше“, изјави Весна.
Текстот Се породи снаата на Оливер Драгојевиќ е превземен од Reporter.mk.