Се продава лента со песни од Боуви заборавена 50 години

Демото за кое се верува дека е прва снимка на песната на Дејвид Боуви „Стармен“ ќе биде ставено на аукција и се очекува да достигне цена од 10.000 фунти. Лентата од 1971 била спакувана во кутија и заборавена речиси 50 години. На снимката може да се слушне како Боуви му кажува на гитаристот Мик Ронсон дека не успеал да ја заврши песната.

Ронсон во 1971 му ја дал снимката на неговиот пријател Кевин Хачинсон за да ја научи песната. Но, откако тој ја слушнал песната, ја обележал со налепница „касета од проба на Дејвид Боуви“ и ја спакувал на неговиот таван. На снимката има уште две песни на Боуви.

„Се сеќавам дека ја преслушав и си реков: ‘Ова е добро’. Не си реков: ‘Ова е фантастично’. На 16 години не можеш лесно да бидеш импресиониран. Денес сметам дека е феноменална“, изјави Хачинсон, додавајќи дека се сетил на касетата откако гледал документарец за Боуви.

Песната се најде на албумот „Зиги Стардаст“ од 1972, со кој Боуви стекна светска слава.

Текстот Се продава лента со песни од Боуви заборавена 50 години е превземен од Reporter.mk.