Босанец продава билети за погребот на фолк-пејачот Шабан Шаулиќ, пишува „Дознајемо“. Тој пуштил оглас на социјалните мрежи со кој за 40 конвертибилни марки (20 евра) нуди организиран превоз и сендвич за секој што сака да оди на погребот, а потоа и обиколка на Куќата на цвеќето во Белград.
Според српските медиуми, Шабан Шаулиќ најверојатно ќе биде погребан во понеделник. Медиумите пишуваат и дека освен роднините, пријателите и јавните личности, на погребот на фолк-ѕвездата ќе дојдат и голем број фанови.
Шабан Шаулиќ почина во сообраќајна несреќа на 17 февруари, на автопат во Германија.
Шабан починал од лековите за смирување, пејачот немал повреди на телото
Текстот Се продаваат билети за погребот на Шабан Шаулиќ е превземен од Reporter.mk.