Аукциската куќа „Џулиен“ ќе ги продава свилените пижами и црвената наметка на Хју Хефнер, кои беа заштитен знак на основачот на „Плејбој“. Аукцијата ќе се одржи на 30 ноември и на 1 декември во Лос Анџелес. Освен пижамите и пењоарот на Хју, на аукцијата ќе се продава и белата морнарска капа на Хефнер, играта „Монопол“ со модели на Плејбој зајачици, манжетни со логото на „Плејбој“ и неговата Библија. Од аукциската куќа очекуваат црните пижами да се продадат за 2.000 долари, а палтото да се продаде за 5.000 долари.
На продажба ќе биде ставено и едно од неговите лулиња (се очекува да се продаде за сума до 3.000 долари), личниот примерок од првото издание на „Плејбој“ со Мерилин Монро на насловната страница (за кое се очекуваат 3 до 5.000 долари) и комплет од 48 изданија на списанието.
Хју Хефнер почина лани на 91 година. Тој го остави своето наследство на неговата фондација, а фондацијата, пак, ги стави неговите лични предмети на продажба.
Текстот Се продаваат црвената наметка и свилените пижами на Хју Хефнер е превземен од Reporter.mk.