Се разделија Бредли Купер и Ирина Шајк

Холивудскиот глумец Бредли Купер и моделот Ирина Шајк се разделија по четиригодишна врска, пишува рускиот магазин Gazeta.ru, повикувајќи се на таблоидот „МТО“. Тие наводно не се заедно од крајот на февруари. Ни Ирина ни Бредли засега не ја потврдиле, ниту демантиpaле информацијата.

„Бредли отсекогаш сакал неговиот приватен живот да остане тajна, а Ирина верува дека треба да пратат соопштение за медиумите“, рекол извор близу до двојката на таблоидот.

Озборувањата дека веќе не се заедно ги поттикна и тоа што Ирина на „Мет гала“ дојде сама, иако Бредли требал да биде присутен.

Ирина и Бредли се заедно четири години. На 21 март 2017 година двојката се роди нивната ќерка Леа де Сена Шајк Купер.

 

Текстот Се разделија Бредли Купер и Ирина Шајк е превземен од Reporter.mk.